Истрага, притвори, одговорност

Обвинителството бара продолжување на притворите

19.03.2025 13:25

Истрагата за трагичниот настан во Кочани продолжува, бројот на осомничени расте. На уште едно лице му е определен краткотраен притвор…

Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за нови 48 часа на 16 лица, опфатени со предистрагата за пожарот во кочанската дискотека. Вкупно 18-мина се опфатени со оваа мерка. Сè уште се утврдува каква е улогата на градоначалникот на Кочани, Папазов, кој си поднесе оставка.

Денеска во Кочани беше и премиерот Мицкоски. Тој се потпиша во книгата на жалост.

Од Кочани известува Андријана Ѓурческа