Петмина повредени во престрелка
Во угостителскиот објект „Ловец“ во Жеровјане се повредени пет лица. Инцидентот се случил рано изутрината околу 5 часот. Три непознати лица, најпрвин физички почнале да се пресметуваат со гости во локалот, а потоа пукале со огнено оружје. Настрадале четворица од гостиварското село Неготино и еден тетовец. По укажаната лекарска помош еден од нив е задржан во Медицинсиот центар во Гостивар, а поради сериозноста на повредите другите се префрлени во Ургентниот центар во Скопје. Екипа на СВР Тетово заедно со јавен обвинител вршат увид и се утврдуваат причините.

Во угостителскиот објект „Ловец“ во Жеровјане се повредени пет лица. Инцидентот се случил рано изутрината околу 5 часот. Три непознати лица, најпрвин физички почнале да се пресметуваат со гости во локалот, а потоа пукале со огнено оружје. Настрадале четворица од гостиварското село Неготино и еден тетовец. По укажаната лекарска помош еден од нив е задржан во Медицинсиот центар во Гостивар, а поради сериозноста на повредите другите се префрлени во Ургентниот центар во Скопје. Екипа на СВР Тетово заедно со јавен обвинител вршат увид и се утврдуваат причините. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите, велат од СВР Тетово.
Наташа Гркова-Петрушевска
