Контроли во дискотеки и кабареа

Имале лиценци, а не исполнувале услови за работа- инспекторите на терен

19.03.2025 14:06

Тимови на Државниот пазарен инспекторат континуирано се на терен и ги проверуваат условите во кабареата и ноќните клубови. Констатирани се сериозни регулаторни прекршувања.

Пожарот во дискотеката на смртта отвори сериозни прашања како функционираат кабареата и ноќните клубови во земјава. На ниво на држава има само 22 важечки лиценци, што значи дека огромен број на објекти по полноќ работеле на диво.

Тимови на Државниот пазарен инспекторат континуирано се на терен и ги проверуваат условите во кабареата и ноќните клубови. Констатирани се сериозни регулаторни прекршувања.

Од вчера направената контрола на 12 објекти со активна важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека три од нив не исполнуваат услови, односно немаат минимум технички услови, информираше денеска владината портпаролка, Марија Митева. Кај останатите девет, сè уште е во тек проверката на документацијата.

Известува Александра Велинова