Во пожарот во Кочани загинаа осум студенти на УГД
Осум студенти се жртви во трагичната несреќа во Кочани, а двоцифрен е бројот на студенти кои се борат за живот. Отворена е книга на жалост, студентите и професорите се простуваат од своите колеги. Во црквата Успение на пресвета Богородица се одржа молитва за загинатите и повредените...

Осум студенти на УГД загинаа во пожарот во Кочани. Двоцифрен е бројот на студенти кои се борат за живот на нашите и странските клиники. Ова е најтешкиот период на Универзитетот откако постои, вели ректорот Мираковски, утре имаме осум погреби во Кочани и Облешево. Отворена е книга на жалоста, студентите велат – нашите колеги кои трагично загинаа нема да бидат заборавени и ќе имаат спомен соба на универзитетот. Во црквата Успение на пресвета Богородица се одржа молитва за загинатите и повредените.
Ова се тешки времиња за брегалничката епархија од каде се најголемиот дел од жртвите. Митрополитот Агатангел со порака за смиреност и молитви за починатите и повредените.
Молитви за спасение има и во кочанската и штипската џамија. Граѓаните од муслиманска вероисповест со цвеќе и поклон им оддадоа почит на жртвите на светилиштето на плоштадот во Штип.
Славица Величковска
