Трагедија во Кочани

Приведени седум полициски началници и службеници, помогнале дискотеката „Пулс“ да добие лиценца

19.03.2025 15:18

Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција отвори истражна постапка против седум полициски службеници под сомнение за сторено кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“...

Полициски началници и службеници уапсени поради поврзаност со незаконско издавање на лиценцата на кочанската дискотека.

Како службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа, велат од Обвинителството.

Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што на 16.03.2025 година во објектот настанал пожар во кој починаа 59, а 196 лица се здобиле со тешки телесни повреди.

Министерот Панче Тошковски соопшти повеќе детали на прес-конференцијата во МВР.