ИН МЕМОРИАМ

Во трагичната несреќа во Кочани почина и Сара Пројковска, погребот ќе се изврши утре

19.03.2025 18:02

Сара беше посветена мајка на Јана и Марко, неуморно борејќи се до последниот миг за нивната подобра иднина. Музиката беше нејзиниот живот. Нејзината најголема пасија беше пеењето...

Со длабока тага ве информираме дека во трагичната несреќа во Кочани ја загубивме и нашата сакана Сара Пројковска. Сара е родена на 30 декември 1977 година во Скопје. Нижото и средното музичко образование го заврши во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, на Одделот за пијано. Својата академска и професионална кариера ја продолжи на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што магистрираше, а потоа и работеше како вонреден професор на катедрата за клавишни инструменти и харфа.

Сара беше посветена мајка на Јана и Марко, неуморно борејќи се до последниот миг за нивната подобра иднина. Музиката беше нејзиниот живот. Нејзината најголема пасија беше пеењето, а како вокал соработуваше со многу од најпознатите имиња на македонската музичка сцена.

Благодарни сме и чест ни е што бевме дел од нејзиниот живот, затоа што таа нè облагородуваше, нè исполнуваше со радост, љубов и внимание. Таква ќе ја паметиме засекогаш.

Телото на Сара за последен поздрав ќе биде изложено во црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно лисиче, в четврток, на 20.3.2025 година, од 12:00 до 14:00 часот. Погребот ќе се изврши на гробиштата во Горно лисиче.