Пронајден изворот на листерија

06.08.2014 19:31

Од вкупно 650 мостри прехрамбени производи покажаа дека бактеријата листерија е најдена во триесет производи што термички се обработуваат и се сметаат за безбедни за јадење и кај еден производ што не се обработува термичики- вакумиран сечкан свински врат.

Откриен е изворот на бактеријата –листерија. Пронајден е во чаденсвински врат на месната инустрија „Екстра Меин“ од Куманово. Од вкупно 650 мостри прехрамбени производи покажаа дека бактеријата листерија е најдена во триесет производи што термички се обработуваат и се сметаат за безбедни за јадење и кај еден производ што не се обработува термичики- вакумиран сечкан свински врат.

„Докажан е профил генетски на изолираната листерија којшто се совпаѓа во 98 проценти со изолатите на листерија од биолошки материјал кај пациентите, кај што има многу висок степен на совпаѓање со потврдениот причинител“, рече проф. д-р Звонко Миленковиќ, претседател на Комисијата за заразни болести при министерството за здравство.

Инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство ги презеле сите мерки предвидени со Законот. Наредено е веднаш повлекување на сите производи од овие лотови од малопродажбата. Се работи за пратка произведена во јули со рок на траење до септември. Запрено е и производството.

„Во исто време соглсно законот наредено е сопирање на производството за да може да се земат мостри од работните површини, од машините, од сите оние делови каде евентуално може да се најде листеријата за да се изврши споредување со изолатите земени од кај луѓето“, рече Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Издадена била и наредба за земање мостри  на сите производи кои одат на пазарот. Согласно Законот за безбедност на храна, доколку операторот пушта во промет небезбеден производ, казните се 8.000 евра за правното лице и 2.500 евра за одговорното лице во правното лице доколку свесно пуштаат небезбедни производи во промет. Од листерија досега починаа четири лица. Засега не се знае дали сите заразени со бактеријата листерија купувале од истата месарница.

Наташа Гркова-Петрушевска