Македонија
Уапсен раководителот за урбанизам во Општина Маврово-Ростуше, побарал мито
19.03.2025 20:53
ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово-Ростуше, Садредин Елезоски.

На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово-Ростуше, Садредин Елезоски.
Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети.
Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати. Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во УО во Скопје, откако истите биле претходно криминалистичко технички обработени.
