Забрани за користење дронови на повеќе локации низ Македонија
Ова се однесува за Кочани, вклучувајќи ги и селата оризари, Тркање и Зрновци, Штип со околните места, општина Чешиново-Облешево, вклучувајќи ги селата Соколарци и чифлик, Струмица со околните места, Пробиштип со околните места, македонска Каменица со околните места, Виница, вклучувајќи го село Митец и Скопје – гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петров, гробиштата во село Горно лисиче и во село горно Нерези...

Забрана за летање со дронови е издадена за територија на осум општини, информираат од МВР. „Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја“, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство , од каде што посочуваат дека непочитувањето на одлуката се казнува.
Ова се однесува за Кочани, вклучувајќи ги и селата оризари, Тркање и Зрновци, Штип со околните места, општина Чешиново-Облешево, вклучувајќи ги селата Соколарци и чифлик, Струмица со околните места, Пробиштип со околните места, македонска Каменица со околните места, Виница, вклучувајќи го село Митец и Скопје – гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петров, гробиштата во село Горно лисиче и во село горно Нерези.
