трагедија

Последно збогум за жртвите од пожарот во Кочани

20.03.2025 08:27

Поворката со посмртните останки на загинатите тргнува од градските гробишта во Бутел. Нивните роднини, пријатели, другари ќе ги испратат до вечните почивалишта. Погребот на жртвите во Кочани ќе се одржи во 12 часот...

Поворката со посмртните останки на загинатите тргнува од градските гробишта во Бутел. Нивните роднини, пријатели, другари ќе ги испратат до вечните почивалишта.

Погребот на жртвите во Кочани ќе се одржи во 12 часот. За жителите од овој град денеска е неработен ден.

И во Штип во вечните почивалишта ќе бидат испратени петте жртви од катастрофалниот пожар од овој град на истокот во земјава.

Состојбата кај повредените кои се лекуваат во земјава не е животозагрозувачка, велат здравствените власти.