Победа и пораз на шаховската олимпијада
Македонските шахисти загубија од Хрватска со 1-3, додека шахистките беа убедливи против Јапонија со 4-0.
По трите победи над Брунеи,Доминиканската Република,вчера против Албанија и по поразот од фаворитот за титулата Русија, нашата машка шаховска селекција на Олимпијадата во Норвешка беше пласирана на 43-тото место во конкуренција на 177 репрезентации и денеска загуби од фаворизираниот состав на Хрватска кој котираше на 19-тата позиција.
Трајко Недев-Иван Шариќ 0-1
Александар Чоловиќ-Младен Палац реми

Никола Митков-Зденко Кожул реми
Влатко Богдановски-Роберт Зелчиќ 0-1
Нашите шахистки досега го победија Пакистан, загубија од Иран и Летонија и ремизираа со Норвешка па денеска од 91-то место во конкуренција на 136 репрезентации влегоа во дуелот со Јапонија. На крајот славеа 4 победи:
Габриела Коскоска-Хашимото 1-0
Моника Стојановска-Хошино 1-0
Драгана Николовска-Амамија 1-0
Ивана Манова-Хасегав 1-0