Трагедија

Музичкото училиште од Струмица со последна почит кон младиот музичар

20.03.2025 13:09

Вработените од музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, го испратија својот колега Џоко Ѓоргиев, кој настрада како тапанар на бендот ДНК во Кочани. Одржаа комеморативна седница и со аплауз и песна како на сцена му одадоа последна почит на младиот музичар....

Со аплауз и песна вработените од музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, го испратија својот колега Џоко Ѓеоргиев кон вечниот дом. 25 годишниот музичар кој настрада во Кочани, ја сакаше сцената, музиката, ја сакаше публика, кажаа директорката на музичкото, Клара Патарова на комеморативната седница во Струмица.

Музичкото училиште во Струмица беше претесно за сите почитувачи на ликот и музиката на Ѓорги. На комеморативната присуствува членови од потесното семејство, колеги музичари но и голем број граѓани. Директорката Патарова потенцираше дека Ѓорги живеел со чукањето и ритамот на музиката.

Ѓорги Ѓоргиев загина во стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“ Кочани каде беше тапанар на бендот на ДНК.

 

Ване Трајков