Попладне повторно невреме
Невреме се очекува во западните и во северените делови. Темепературите ќе бидат до 30-от степен...

Променливо облачно време со повремен слаб дожд, во попладневните часови врнежи со засилен интензитет, грмежи и силен ветер најавуваат метеоролозите и за денеска.
Невреме се очекува во западните и во северените делови. Темепературите ќе бидат до 30-от степен.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, а попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи до 30 степени.
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Берово – 67 литри на метар квадратен. Во Куманово наврнале 32 литри , 28 во Крушево, 26 во Скопје на Зајчев Рид, 13 во Тетово, девет во Крива Паланка, шест во Битола, два во Маврово и во Лазарополе.
