Последно збогум за жртвите од пожарот во Кочани
Сите улици во Кочани се полни со луѓе кои се упатени кон градските гробишта за да им оддадат последна почит на загинатите…

На градските гробишта во Кочани се погребуваат загинатите од пожарот во дискотеката што се случи во неделата рано наутро. Погребните церемонии ќе ги предводи поглаварот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија г.г. Стефан, заедно со неколку владици од синодот.
Сите улици во Кочани се полни со луѓе кои се упатени кон градските гробишта за да им оддадат последна почит на загинатите.
Поворката од роднини, пријатели, граѓани и возилата на улиците кон градските гробишта. Во Кочани околу гробиштата засилено полициски присуство. Младите кои настрадаа во големата трагедија испратени во вечното почивалиште.
Денеска погребни церемонии се одржуваат и во Штип, Облешево и Скопје.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица.
