Трагедија во Кочани

Последно збогум за петмината штипјани

20.03.2025 12:59

Младите кои настрадаа во големата трагедија се испраќаат во вечното почивалиште на 16 локации. Погреб денеска се одржува и во Општина Штип...

Последно збогум за петмината штипјани денес на градските гробишта. Река народ се простува од трагично загинатите во трите православни храмови и на нивните вечни почивалишта.

Погребот закажан за 11 часот се оддолжи заради големиот број присутни и се очекува да започне во секој момент. Штип денес се простува со средношколците Дамјан Таневски и Филип Ивановски, со врвните музичари Филип Стевановски, Александар Коларов и професионалниот фотограф Александар Ефремов.

Ќе останат запаметени како ценети и почитувани граѓани, нивното заминување остави длабока празнина пред сè кај нивните блиски, но и кај оние кои не ги познаваа.

 

Славица Величковска