Медиумите во регионот и светот континуирано известуваат за несреќата во Кочани
Светот и регионот сочувствуваат со тажните моменти на македонскиот народ. Медиумите континуирано известуваат за несреќата. Македонија се збогува со младите загинати во пожарот во Кочани...

Светот и регионот сочувствуваат со тажните моменти на македонскиот народ. Националната галерија и плоштадот во Мелбурн осветлени во боите на македонското национално знаме. Жителите палат свеќи и одаваат почит на настраданите во сраотната несреќа во Кочани. Нашите срца се во тешка и длабока тага, државата Викторија стои заедно со македонската заедница, пишува на фејсбук објавата.
И градскиот совет на австралискиот град Перт ја осветли зградата во црвено жолто во знак на сеќавање на загубените млади животи во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“.
На плоштадот во Софија илјадници граѓни со едноминутно молчење им одадоа почит на загинатите во Кочани. Медиумите во регионот и светот континуирано известуваат за несреќата. Најтажен ден, Македонија ги испраќа настраданите во пожарот во дискотеката во кочани – српските медиуми пишуваат за погребната церемонија на 59-те жртви.
За трагедијата во Кочани известуваат и медиумите во Бугарија. Македонија се збогува со младите загинати во пожарот во Кочани. Бугарските медиуми, јавувуваат и за крводарителската акција во Благоевград каде што десетици жители даруваа крв за хоспитализираните во Бугарија.
За трагедијата во Кочани јавуваат и сите светски медиуми. Би-Би-Си пренесува приказни од преживеаните во пожарот и искази од семејствата на настраданите. Светската агенција Асошијетед прес постојано известуваше за се што е поврзано со трагедијата, а пренесуваше и за погребната церемонија во Кочани и во Штип.
Маја Стојанова
