Србија

Белград: Граѓани чекаат во редици да даруваат крв за повредените во пожарот во Кочани

20.03.2025 19:14

Голем број граѓани пристигнуваат во Заводот за трансфузија во Белград. Од 7 часот утрово чекаат ред за дадат крв за настраданите во пожарот во Кочани...

Голем број граѓани се одзваа на повикот, меѓу другото, на студентите на социјалните мрежи за доброволно дарување крв за лекување на пациентите од Северна Македонија. Голем број граѓани пристигнуваат во Заводот за трансфузија во Белград. Од 7 часот утрово чекаат ред.

Мирјана Кнежевиќ од Институтот вели дека од утрово има навистина голема гужва и дека околу 120 луѓе веќе доброволно дарувале крв.

„На ред чекаат веројатно уште 50-60, што е навистина голема излезност. Вчера во салата крв дадоа околу 250 луѓе, а на други локации беа собрани над 500 единици крв, што е уште еден доказ дека сме обединет народ и дека кога ќе се случат некои трагедии веднаш реагираме“, истакна Кнежевиќ.