Трагедија во Кочани
Граѓаните во Штип се збогуваа со трагично загинатите во несреќата во Кочани
20.03.2025 15:56
Последно збогум за петмината штипјани денес на градските гробишта во Штип...

Последно збогум за петмината штипјани денес на градските гробишта во Штип.
Граѓаните се збогуваа со трагично загинатите во несреќата во Кочани – средношколците Дамјан Таневски и Филип Ивановски, врвните музичари Филип Стевановски и Александар Коларов и професионалниот фотограф Александар Ефремов. Штип ќе ги памети како врвни професионалци, ценети и почитувани граѓани.
Беа погребани со почести од високи свештени лица од МПЦ. Нивното заминување остави длабока празнина пред се кај нивните блиски, но и кај сите граѓани на Штип.
Славица Величковска