Трагедија во Кочани

Загинатите членови и соработници на групата ДНК, испратени во вечните почивалишта

20.03.2025 14:59

Тагата што ја чувствува целиот македонски народ е неизмерна. Роднини, пријатели, другари оддаваат последна почит на загинатите во големата трагедија во Кочани, на гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петров, Горно Лисиче и Горно Нерези. Денеска погребани и членовите и соработниците на бендот ДНК...

Загинатите членови и соработници на групата ДНК, испратени во вечните почивалишта.

На градските гробишта во Бутел, огромен број на роднини, пријатели, колеги и обожаватели, дојдоа да му оддадат последна почит на пејачот на групата, Андреј Ѓоргиевски. Траорна атмосфера и на гробиштата во населбата Лисиче, каде блиските за последен пат се поздравија со загинатата придружна вокалистка на ДНК и професорка на Факултетот за музичка уметност, Сара Пројковска.

Завршени погребните церемонии и на останатите членови и соработници на бендот кои загинаа во пожарот. Тапанарот Ѓорѓи Ѓоргиев, клавијатуристот Филип Стеваноски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, тонецот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски.

Единствени кои го преживеаа катастрофалниот пожар се придружната вокалистка Ана Костадиновска, гитаристот Горан Тонев и пeјачот и коосновач на ДНК, Владимир Блажев Панчо, кој има тешки изгореници и е на кислородна поддршка.

ДНК скоро 2 децени беше еден од најполуларните и најпрезнатливи македонски брендови и бендови. А нивното постојано и несебично залагање за најразлични хуманитарни цели, остана една од нивните најпрезнатливи карактеристки. Инаку, Кочани беше вториот град од нивната тукушто започната турнеја, за која со задоволство најавуваа дека ќе продолжи низ повеќе градови во Македонија.

За жал, во Кочани се случи нивниот последен и фателен настап, со кој завршија се.

Марија Котовска