Скопје

Скопјани на плоштадот „Македонија“ им оддадоа почит на загинатите во кочанската дискотека

20.03.2025 15:30

Жителите на главниот град се простија од 59-мината, кои смртно настрадаа во ужасната трагедија што се случи викендов и денеска беа погребани...

Со палење свеќи, положување цвеќе, во тишина и со солзи во очите, скопјани на плоштадот „Македонија“ им оддадоа почит на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“.

Жителите на главниот град се простија од 59-мината, кои смртно настрадаа во ужасната трагедија што се случи викендов и денеска беа погребани на гробиштата во Кочани, Штип, Пробиштип, Облешево, Струмица и во Скопје.

Во вторникот во Скопје се одржа и собир, кога граѓаните со 16-минутен молк им оддадоа почит на загинатите.