Црвен крст: Граѓаните да уплаќаат пари само на валидната сметка
Од Црвениот крст ги предупредија граѓаните да внимаваат да не уплаќаат пари на други сметки освен на валидната сметка на Црвениот крст, бидејќи за жал се појавија многу лажни повици за донации од луѓе кои ја злоуптребуваат маката на настраданите за да се здобијат со лична корист...

30 милиони денари се донирани до сега на солидарната сметка на Црвениот крст за помош на настраданите семејства во трагичниот настан во кочанската дискотека, велат од институцијата.
Во однос на материјалната помош од корпоративниот сектор се собрани постелнини, ќебиња и друго кои се донираат во болниците. Но, од Црвениот крст ги предупредија граѓаните да внимаваат да не уплаќаат пари на други сметки освен на валидната сметка на Црвениот крст, бидејќи за жал се појавија многу лажни повици за донации од луѓе кои ја злоуптребуваат маката на настраданите за да се здобијат со лична корист.
Други граѓани, пак се обединија за да ги осуетат повикувајќи ги граѓаните да не наседнуваат на овие повици.
За разлика од ваквите, хуманите луѓе и од соседните држави даруваа крв за нашите сограѓани. Во Заводот за трансфузиологија во Белград веќе 120 лица дарувале крв
„Вчера во салата крв дадоа околу 250 луѓе, а на други локации беа собрани над 500 единици крв, што е уште еден доказ дека сме обединет народ и дека кога ќе се случат некои трагедии, веднаш реагираме“, изјави Мирјана Кнежевиќ од Институтот во Белград.
И во соседна Бугарија се организира крводарување за настраданите во Кочани.
Фиљана Кока