Бесплатен железнички превоз за студентите денеска
07.08.2014 10:02
Студентите треба само да покажат студентски индекс или легитимација, а билетот што ќе добијат може да го користат секој нареден четврток...

Сите студенти во Македонија денеска може бесплатно да патуваат со воз, согласно одлуката на Владата за бесплатен железнички превоз во четврток. Со последната одлука, овозможен е и попуст од 50 проценти на железничките билети за сите студенти и за сите ученици.
Студентите треба само да покажат студентски индекс или легитимација, а билетот што ќе добијат може да го користат секој нареден четврток.
Претстојниот викенд, и пензионерите може бесплатно да се возат со воз во земјава. За да го користат бесплатниот превоз возрасните лица треба да приложат лична карта и врз основа на тоа ќе им биде издадена карта, во која е вклучено и осигурувањето.
Овие поволности досега ги искористиле 1.000 возрасни лица, 3.500 млади лица до 27 години, 600 студенти и 1.000 лица кои купиле билет со попуст.
