МВР

Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице

20.03.2025 18:18

При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба.

Полициски службеници од СВР Скопје денеска на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.Д. (53) од Скопје. При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба.

По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето е задржано за понатамошна постапка и по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.