Трагедија во Кочани

Муцунски во Виена на средба со министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рејзингер

20.03.2025 19:29

Разговарано за поддршката на Австрија по трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани во кој загинаа 59 лица.

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во Виена се сретна со австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рејзингер.

Разговарано за поддршката на Австрија по трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани во кој загинаа 59 лица.

Мајнл-Рајзингер изрази солидарност и поддршка за стабилна европска иднина. Шестмина тешко повредени од земјава се префлени на интензивна нега во болниците во Виена и Грац.