Трагедија во Кочани

Македонија тагува, последно збогум за загинатите во трагедијата во Кочани

20.03.2025 20:17

Семејствата, пријателите, илјадници сограѓани со болка и солзи се збогуваа од прерано згаснатите млади животи...

Најтажниот ден во Македонија. Кочани обвиено во црно, во солзи и тага во вечните почивалишта ги испрати жртвите од пожарот во импровизираната дискотека. Семејствата, пријателите, илјадници сограѓани со болка и солзи се збогуваа од прерано згаснатите млади животи. Градот во мрак и траорна тишина.

Известува Елена Георгиевска