Лондон

Голем пожар во Лондон, аеродромот Хитроу затворен поради прекин на струја

21.03.2025 07:52

Десет противпожарни возила и 70 пожарникари се борат со огнената стихија...

Голем пожар изби во трафостаница во Лондон. Десет противпожарни возила и 70 пожарникари се борат со огнената стихија. Половина од трансформаторите сè уште горат. Поради прекин во електричната мрежа, британскиот аеродром Хитроу денеска ќе биде затворен. Без струја се и илјадници домови, а околу 150 луѓе мораа да бидат евакуирани.

Воспоставен е кордон од 200 метри како мерка на претпазливост, а издадени е апели за жителите да ги држат прозорците и вратите затворени.