Трагедија во Кочани
Денови на жалост, Македонија се прости од 59 загинати
21.03.2025 08:07
Македонија во тага. Денови на жалост. Помина најтешкиот ден во историјата на државата. 59 жртви и 196 повредени во страшниот пожар во дискотеката во Кочани. Доцна синоќа приведени три лица, тројца градоначалници на Кочани...

Македонија во тага. Денови на жалост. Помина најтешкиот ден во историјата на државата. 59 жртви и 196 повредени во страшниот пожар во дискотеката во Кочани. Светот сочувствува со Македонија.
Полицијата и Обвинителството со брза истрага за трагичниот настан. Доцна синоќа приведени три лица, тројца градоначалници на Кочани. Се бара и продолжување на мерките притвор.
Се очекува Обвинителството да соопшти дали ќе се отвори истрага за целиот случај.
