Здравство
Над 100 повредени се лекуваат во странство
21.03.2025 08:37
Според официјалните информации од Министерството за здравство, најмногу пациенти се лекуваат во Србија...

Според официјалните информации од Министерството за здравство, најмногу пациенти се лекуваат во Србија. Земјата прими 30 повредени во несреќата, во Бугарија 15, а по 12 млади луѓе беа испратени во болниците во Грција и Турција. Австрија и Унгарија примија по шестмина наши сограѓани. Во Хрватска се испратени петмина.
Во Словенија, Италија, Белгија и Литванија се лекуваат по четворица пациенти. Во Шведска и Полска по двајца. А најновата информација која ја објави шпанската амбасада е дека седум од повредените се испратени во болниците во Шпанија.
