Брисел

ЕУ ги одложи контрамерките на американските царини за увоз на челик и алуминиум

21.03.2025 08:40

Причината за ваквата одлука е да се добие повеќе време за консултации во блокот за усвојување нов пакет контрамерки за американскиот извоз во средината на април, но и да се даде дополнително време за преговори со САД...

Европската унија ги одложува тарифите што ги најави како контрамерки на американското воведување царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ. Причината за ваквата одлука е да се добие повеќе време за консултации во блокот за усвојување нов пакет контрамерки за американскиот извоз во средината на април, но и да се даде дополнително време за преговори со САД. Целта на одложувањето е да се минимизира потенцијалното негативно влијание врз економијата-изјави шефицата на Европската комисија. Одмаздничката трговска акција на Брисел за американските царини претходно беше најавена за 1 април.

„Можам да потврдам дека решивме да го прилагодиме времето на стапување во сила на тарифите. да се воспостави рамнотежа на производите, што ги одразува интересите на нашите производители, извозници, потрошувачи, и секако, да го минимизира потенцијалното негативно влијание врз нашата економија“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.