свет

В четврток нов самит во Париз

21.03.2025 09:20

Францускиот претседател Макрон по самитот најави нов состанок на ЕУ-лидерите за в четврток во Париз, на кој ќе учествува и неговиот украински колега Зеленски...

Москва и Киев со жестоки борби на фронтот додека и двете страни го потврдија продолжувањето на мировните разговори со делегациите на САД в понеделник во Саудиска Арабија. Во истовреме, европските лидери во Брисел одново не успеаја да постигнат консензус околу предлог-заклучоците за Украина. Камен на сопнување и натаму стои Унгарија која одбива каква било воена помош за Киев. Францускиот претседател Макрон по самитот најави нов состанок на ЕУ-лидерите за в четврток во Париз, на кој ќе учествува и неговиот украински колега Зеленски. Лидерите на ЕУ планираат да разговараат за безбедносните потреби на Украина за време на состанокот за зголемување на трошоците за одбраната, откако администрацијата на американскиот претседател Трамп сигнализираше дека Европа мора сама да се грижи за безбедноста.

„Мораме да земеме поголем удел во нашата сопствена безбедност, во утрешните безбедносни гаранции во Украина и мораме да преземеме поголема автономија во нашите капацитети, начините на кои се опремуваме. Така што тоа е чекор напред. Но, тоа не го ослабува НАТО. Отсекогаш сум ја бранел оваа идеја. Европскиот столб на НАТО е во неговото јадро, едноставно подобро споделување на товарот и признание дека европејците мора да направат повеќе за себе“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.