МВР
Едно лице почина од експлозија на плинска боца
21.03.2025 09:31
Кумановец синоќа почина во експлозија на плинска боца во семејната куќа, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово...

Шеесетгодишен кумановец синоќа почина во експлозија на плинска боца во семејната куќа, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
„На 20.03.2025 во 20.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца. Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово“, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Смртта на човекот ја констатирал лекар, а увидот е во тек, додаваат од полицијата.
