Македонија

МДТ апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници

21.03.2025 09:39

Недопустливи се заканите упатени кон новинари, уредници и медиуми, кои имаат за цел да спречат непристрасно, отворено и квалитетно медиумско известување. Споредено со многу поразвиени општества, македонските медиуми и медиумски работници покажуваат исклучителна професионалност во работата и известувањето, во овие траорни моменти на колективна тага и гнев, велат од Министерството.

Во овие најтешки моменти за македонската држава и народ од нејзиното осамостојување, како Министерство надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење, апелираме на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници, соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација.

Недопустливи се заканите упатени кон новинари, уредници и медиуми, кои имаат за цел да спречат непристрасно, отворено и квалитетно медиумско известување. Споредено со многу поразвиени општества, македонските медиуми и медиумски работници покажуваат исклучителна професионалност во работата и известувањето, во овие траорни моменти на колективна тага и гнев, велат од Министерството.

Апелираат до надлежните институции за итна и ефикасна реакција, со цел да се утврди одговорноста на секој оној кој се заканува и го попречува работењето на медиумите за да се обезбеди заштита на новинарите од вакви притисоци.

Овие тешки моменти се тест за целата држава. Ќе ги следиме и во иднина сите слични случаи, затоа што безбедноста на новинарите е од најголема важност за  функционирање на демократијата, стои во соопштението.