Досега за 142 лица од семејствата на повредените кои се лекуваат во странство се обезбедени авионски билети
Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.

Трошоците за лекување како и сместување за семејствата се на товар на Владата. Од Службата за општи и заеднички работи на Владата информираат дека досега за 142 лица од семејствата на повредените од пожарот на лекување во странство се обезбедени авионски билети и потрошени се почетно околу 3,5 милиони денари.
Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, кој деновиве направи обиколка низ државите и посети дел од повредените кои се наоѓаат во болниците во странство, објавува и важни информации за семејствата на пациентите кои се наоѓаат во други земји.
Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.
„Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја неопходна помош, а за итни прашања достапни се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736“, информира министерот Муцунски.
