Здравство

Таравари: 10 пациенти хоспитализирани во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување

21.03.2025 10:29

Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти, од кои 115 се надвор од државата. Добра вест е тоа што денеска ќе бидат испишани 10 пациенти хоспитализирани во земјава, и тоа еден пациент од Штипската болница, еден од Детската клиника, тројца од Торакална, и пет пациенти од приватните клиники...

По завршување на состанокот на кризн штаб, министерот за здравство Таравари излезе со најнови информации за состојбата на повредените од трагичниот настан во Кочани.

Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти, од кои 115 се надвор од државата. Добра вест е тоа што денеска ќе бидат испишани 10 пациенти хоспитализирани во земјава, и тоа еден пациент од Штипската болница, еден од Детската клиника, тројца од Торакална, и пет пациенти од приватните клиники.

Повеќето од 115-те пациенти кои се лекуваат надвор од државата се во стабилна состојба, но еден во Турција, двајца во Атина и двајца во Словенија се во покритична состојба. Дел од оние кои се во стабилна состојба почнуваат да дишат самостојно и да се движат, па од следната недела се очекува и враќање на некои од нив во земјава.

„На денешниот состанок се отвори прашањето и за подготовка на протоколи и лекување на пациентите кои од следната недела очекуваме да се вратат во земјава. Следното со кое ќе се соочуваме се инфекциите, и затоа треба внимателност и превенција за да нема компакикации“, нагласи министерот Таравари.