Таравари на средба со странските доктори кои помагаат во третманот на повредените
На средбата, како што соопшти Министерството за здравство, Таравари изрази благодарност за силната поддршка од странските медицински тимови од Чешка и Израел кои заедно со амбасадорите на овие земји, активно помагаа во третманот на повредените од трагедијата во Кочани. Благодарност и до тимот од ВМА Белград...

Министерот за здравство Таравари утрово одржа средба со странските доктори кои помагаат во третманот на повредените, како и со Аким Али, претставник на СЗО во државава.
На средбата, како што соопшти Министерството за здравство, Таравари изрази благодарност за силната поддршка од странските медицински тимови од Чешка и Израел кои заедно со амбасадорите на овие земји, активно помагаа во третманот на повредените од трагедијата во Кочани. Благодарност и до тимот од ВМА Белград, кој се стави на располагање во тешките моменти и веќе е вратен назад за продолжување на третманот на повредените.
Нивниот стручен придонес со својата ескспертиза, солидарност и помошта во овие тешки моменти се од непроценливо значење во борбата за спасување човечки животи, велат од Министерството за здравство.
