24 нови лица заболени од ХИВ регистрирани лани во Македонија

07.08.2014 10:33

24 новозаболени лица од ХИВ во земјава се регистрирани само во минатата година. Поголема едукација за самозаштита - е најдобрата превенција против оваа тешка болест, препорачуваат лекарите...

Седумнаесет нови заболени со ХИВ и СИДА се евидентирани во првта половина од оваа година во Македонија. Според СЗО државата е во графата на земји каде секоја година бројот на ново заболени се зголемува.

Според статистиката минатата година во Македонија регистрирани се 24 нови заболени. Сите од посилниот пол.

Најголемиот број од ново евидентирани случаи со ХИВ и СИДА се заразиле преку хомосексуални врски. Анализите, велат од Центарот за јавно здравје во Велес, покажуваат дека свеста за самозаштита кај македонските граѓани сеуште е ниска.

„Советувањата се анонимни, само се води список колку луѓе дошле од кој пол се и од која воздраст. Ги собираме податоците и ги праќаме на обработка во Институтот за јавно здравје. Можат само корист да имаат луѓето, посебно апелирам до младите брачни парови“, рече д-р Флорентина Шурбевска- Ристова, директор на Центар за јавно здравје.

Со вкупно 211 регистрирани заболени со ХИВ и СИДА, Македонија сеуште спаѓа во групата на земји со ниско ниво на заболени со оваа болест. За да остане во оваа група неопходна е поголема едукација за самозаштита, вели д-р Шурбевска- Ристова.

 

Дијана Иванова