Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно
Од 196 повредени, повеќе од 115 лица се во странство, останатите на скопските клиники. Добра вест е дека 10 лица заминуваат на домашно лекување...

Денови на жалост во земјава за 59 млади кои загинаа во трагедијата во Кочани и беа погребани вчера. Од 196 повредени, повеќе од 115 лица се во странство, останатите на скопските клиники. Добра вест е дека 10 лица заминуваат на домашно лекување.
Министерот за здравство во одговор на новинарско прашање изјави дека лекувањето на повредените во странство е бесплатно.
Генерално во 99 проценти е бесплатно лекувањето и нема потреба никој да собира пари. Така што, нема потреба за шпекулации и за невистини. Ова е вистината којашто е објавена пред три-четири дена, не е од сега. Можеби во некоја држава, меѓутоа, генерално 99 проценти од лекувањето во сите држави е бесплатно, рече тој.
Кристина Талеска-Големтеова известува за здравствената состојба на повредените.
