Коцевски: Истражна постапка против 27 физички и три правни лица за пожарот во Кочани
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани...

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, кои како соизвршители сториле тешки дела против општата сигурност.
Овие физички и правни лица од 2012-та година до трагичниот настан во неделата наутро во кабаре-клубот „Пулс“ заеднички, но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности не постапиле според мерките за заштита. Верижни пропусти на одговорни и службени лица довеле до тоа при користење на пиротехнички средства за време на настап на групата ДНК да настане трагедијата, изјави републичкиот обвинител Коцевски.
Нагласи дека доколку се обезбедат докази ќе бидат опфатени и други лица.
Од Обвинителството велат дека претстои обемна истражна постапка каде треба да се прибават голем број на докази, па затоа треба да им се даде простор на истражните органи квалитетно да ја завршат истрагата.
