Стружани бараат да се реши проблемот со депонијата
Чадот од депонијата секоја вечер ги задушува стружани и туристите. Oд комуналното претпријатие велат дека тоа не е нивна практика. Секојдневното гасење на погнот не е решение на проблемот...

Непријатна миризба и густи црни облаци надвиснуваат секоја вечер во Струга од запалената депонија. Ветерот кој го има во овој регион забрзано ја шири реата низ целата општина. Граѓаните се револтирани и бараат што побрзо решавање на овој проблем.
„Ние сме жители од Австралија, ние сме староседелци овде и чади секојпат, огништето го горат таму без контрола. Ова е туристичко место што треба да се обезбедат тие работи и да има некоја поголема контрола... Да, да магла беше, мирисаше доста“, велат стружани.
Комуналното препријатие и провипожарната екипа се постојано на терен но бараат од државата помош за отстранување на оваа депонија која е во непосредна близина на градот Струга. Тие како што велат, засега овој проблем го санкционирале.
„Имавме такви укажувања и на лице место настапивме со нашите екипи и од пожарникарите и од комуналното претпријатие со гасење, масовно гасење и успеавме денеска и чадот да го уништиме“, вели Гарип Каба директор на комуналното претпријатие во Струга.
Еколошките друштва апелираат до поголема посветеност и работа на терен. Потсетуваат дека овој проблем е веќе алармантен и трае со години на назад.
„Години наназад се случуваат истите работи, години наназад имаме реагирано на ист и сличен начин, на разни начини, меѓутоа сите што се надлежни по ова прашање се изгледа или заспани или не сакаат да работаат“, вели Мате Гогоски од еколошкото здружение Енхалон Струга.
Без разлика дали виновникот е кај надлежните или било кои други фактори, проблемот мора да биде решен. До тогаш граѓаните но и самите туристи дишат загаден воздух кој може да се рефлектира врз нивното здравје.
Јованчо Наумоски
