Возило на АРМ се преврте на експресниот пат Штип – Кочани, повредени тројца припадници на Армијата
Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел...

Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел.
Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени во кочанската болница на понатамошни медицински иследувања.
На лице место се излезени МВР и припадници од Воената полиција.
Сообраќајот е во прекин за сите возила и се пренасочува по локалниот патен правец од Соколарци кон Кочани и обратно.
