МВР

Тошковски: Поднесени две кривични пријави против 34 физички и три правни лица

21.03.2025 14:28

Поднесени со две кривични пријави против вкупно 34 физички и три правни лица за кривично дело-тешки дела против општата сигурност, а едно лице е пријавено и за примање поткуп, изјави на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

МВР во соработка со надлежното Јавно обвинителство ја заврши првата фаза од постапувањето за пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени. Поднесени со две кривични пријави против вкупно 34 физички и три правни лица за кривично дело-тешки дела против општата сигурност, а едно лице е пријавено и за примање поткуп, изјави на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски истакна дека оваа трагедија ги мобилизираше сите институции, а МВР веднаш ги активираше сите потребни капацитети, од обезбедување на местото на трагедијата, евакуација и излекување на повредените, регулирање на сообраќај па сè до логистичка поддршка за транспорт и лекување, како во земјава, така и во странство.

Истрагата формално е отворено вчера, со поднесување на кривична пријава од страна на МВР. Ова е само почеток на сè она коешто следи. Секој еден детал поврзан со овој настан должност е соодветно да биде процесиран и тоа ќе го сториме. Македонија мора да победи во борбата против системската корупција која одзеде 59 млади животи, изјави министерот Тошковски на прес-конференцијата.