Митева: Владата во целост ги покрива трошоците, финансиска поддршка за сите семејства
Митева посочи дека во делот на транспорт и сместување на семејствата на повредените кои се лекуваат во други земји се информирани од страна на Црвениот крст дека за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци...

Портпаролката на Влада, Марија Митева, заедно со доктор Игор Мерџановски и министерката за образование и наука професор, Весна Јаневска одржаа прес-конференција.
Првиот е во делот на лекарската грижа за којашто ќе зборува доктор Мерџановски, а вториот е од аспект на психолошка поддршка на семејствата, пациентите за која повеќе ќе информира министерката, изјави портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева.
„Во делот на лекарската грижа за којашто ќе зборува доктор Мерџановски, а вториот е од аспект на психолошка поддршка на семејствата, пациентите за која повеќе ќе информира министерката. Пред да започнам со информирање на јавноста за состојбата со контролите на ДПИ сакам да нагласам дека како Влада будно ја следиме и состојбата на социјалните мрежи каде најпрво морам да кажам дека сочувството, емпатијата, силната и искрена желба да се помогне е разбирлива, дека е повеќе од оправдана и дека се разбира за огромна почит, но во определени моменти мораме како Влада да апелираме и замолиме да не се шпекулира со информации дека на семејствата и пациентите им е потребна финансиска поддршка за лекување затоа што тоа не е вистина, на сите пациенти лекувањето им е и ќе им биде обезбедено од страна на државата. Во овие моменти грижа од таков аспект не им е потребна и ќе направиме сè што е во наша моќ да помогнеме во делот на здравствената нега која им е потребна. Се разбира, сакам и лично, но и од името на Владата на секој граѓанин, на секој поединец, особено на волонтерите од Црвен крст и сите останати да се заблагодарам за несебичната помош и поддршка која ја даваат во овие најтешки денови“, вели Марија Митева портпарол на Владата на денешната прес-конференција.
Митева посочи дека во делот на транспорт и сместување на семејствата на повредените кои се лекуваат во други земји се информирани од страна на Црвениот крст дека за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци, но како што рече таа ова е еднократна парична помош, и во иднина екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата се во контакт со семејствата и ќе се обезбеди целосно покривање на трошоците за сместување.
