Муцунски во Љубљана, благодарност за грижата за повредените хоспитализирани во Словенија
Двајца од повредените се во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана, а двајца се во Клиничкиот центар во Марибор.

Во серијата посети на земјите од регионот и посетата од трагичниот настан во Кочани, министерот за надворешни денеска беше во Љубљана. Во моментов четворица повредени се на лекување во Словенија.
Двајца од повредените се во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана, а двајца се во Клиничкиот центар во Марибор.
Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон се потпиша во книгата на жалост во Македонската амбасада во словенечката престолнина.
„Им посакувам на сите итно заздравување. Им искажувам најискрено сочувство на македонскиот народ ин на сите роднини на жртвите во мое име и во име на словенечката влада. Се надевам дека вакво нешто веќе нема да се случи“, изјави Тања Фајон, министерка за надворешни работи на Словенија.
Муцунски со министерката за здравство на Словенија, Валентина Преволник го посетија во Универзитетскиот клинички центар, но не и повредените-македонскиот министер потенцираше дека не е лекар. Муцунски најави средби со семејствата на повредените.
„Нашата влада е посветена и ќе продолжи со борбата за искоренување на корупцијата. Овој трагичен инцидент се случи поради корупцијата на системот што постои во нашата земја. Во последните неколку денови има силни активности на министерството за внатрешни и на обвинителството, и секој којшто има директна врска или одговорност не само за овој инцидент, ќе се најде пред лицето на правдата. Тоа е улогата на судскиот систем, нивната задача е да има одговорност за поединците“, нагласи шефот на дипломатијата Муцунски.
