МВР

Тошковски: Секој што е директно или индиректно поврзан со пожарот во Кочани ќе биде повикан на одговорност

21.03.2025 15:11

Секој што е директно или индиректно поврзан со пожарот во Кочани ќе биде повикан на одговорност, дециден министерот Тошковски. Поднесени две кривични пријави против 34 физички и три правни лица...

Две кривични пријави против 34 физички и три правни лица поднесе МВР за пожарот во кочанската дискотека кој однесе 59 млади животи и околу 200 повредени. Кривичните се  за тешки дела против општата сигурност, предизвикувајќи општа опасност, а кај едно лице и за примање поткуп.

МВР и Обвинителството ја завршија првата фаза од постапувањето по овој кривично-правен настан. Прес- конференцијата ја следеше Миле Ристески.