работилница

Обука за психолошка поддршка во кризни состојби

21.03.2025 20:14

По првичниот шок, следуваат долги денови на тагување, но и барање одговори. На кочанчани како никогаш досега им е потребна психолошка поддршка за прифаќање на состојбата и продолжување на понатамошните животни активности, согласни психолозите. Психолошката помош која ќе ја добиваат погодените од несреќата веќе функционира во училиштата во Кочани, и на Универзитетот во Штип...

Пустошот кои се вгнезди во срцата по страотната трагедија во која загинаа 59-мина млади луѓе, остави длабоки рани кај жителите на Кочани. По првичниот шок, следуваат долги денови на тагување, но и барање одговори. На кочанчани како никогаш досега им е потребна психолошка поддршка за прифаќање на состојбата и продолжување на понатамошните животни активности, согласни психолозите. Стотина од нив веќе се обучуваат за кризни состојби и пружање психолошка помош за родителите кои ги загубија своите најмили, но и за учениците, наставниците и за целокупното население.

По секоја цена мора да се справиме со оваа страшна трагедија, која би била огромна и за многу поголеми држави од нашата. Мора да се помогне, населеното да ја преброди оваа траума, рече министерката за образование Јаневска. Истакна дека Министерството за образование дава целосна поддршка за организираните обуки од Комората на психолози и УНИЦЕФ.

Психолошката помош која ќе ја добиваат погодените од несреќата веќе функционира во училиштата во Кочани, и на Универзитетот во Штип. Исто така, на веб-страната на Министерството за здравство на стојат телефонските броеви на 40 психолози кои се на располагање за секој граѓанин.

 

Маја Стојанова