Пожарот во струмичко што избувна вчера е локализиран
Екипите на територијалната противпожарна единица на Струмица се на терен и го ставија под контрола пожарот кој се ширеше поради ветрот...

Пожарот во струмичко што избувна вечера на потегот од месноста Софилар, градските гробишта и селото Баница ставен под целосна контрола, извести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Тој додаде дека нема опасност по населени места, ниту по околните викендички. Екипите на територијалната противпожарна единица на Струмица се на терен и го ставија под контрола пожарот кој се ширеше поради ветрот.
При гасењето на пожарот помогнаа и пожарникари од други градови, а на терен се градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој и самиот се вклучи во гаснењето, информираше дека пожарот е локализиран на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во селото Баница.
