Трамп: Многу брзо очекувам целосно примирје во Украина
Доналд Трамп рече дека набрзо очекува да биде договорен целосен прекин на огнот во Украина, по што ќе следи договор за поделба на украинската територија меѓу Москва и Киев...

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека набрзо очекува да биде договорен целосен прекин на огнот во Украина, по што ќе следи договор за поделба на украинската територија меѓу Москва и Киев. Преговорите за примирје кои ги предводат САД и претседателот Трамп се интензивираа во последните недели, со обиди за дефинирање јасни територијални граници кои би ги задоволиле двете страни. Преговорите предизвикаа значителни контроверзии бидејќи се отстапување од досегашната американска политика на целосна поддршка на украинскиот територијален интегритет.
„Не е краен рок, но мислам дека прилично наскоро ќе имаме примирје. Имавме неколку добри разговори, и можеби ќе успееме да го прекинеме маршот на смртта што е можно поскоро.“, изјави Трамп.
