Фудбал

Без илузии!

07.08.2014 11:14

Мечот Металург – Омонија на арената Филип Втори во Скопје што ќе го води ирецот Падриг Сатон ќе почне во 20 часот и 45 минути, а неколку минути порано и преносот на Собранискиот сервис на МРТ...

Металург ја исполни целта. Остана најдолго на европската фудбалска сцена од сите македонски клубови, мина две кола во квалификациите од лига Европа, солидно ја пополни клупската каса и најважно ,младите играчи на тимот од Автокоманда стекнаа непроценливо меѓународно искуство и самодоверба.Ја почувствуваа фудбалскатѕа радост по елиминација на европски клубови, но и немоќта против состав од рангот на кипарска Омонија.

Поразот од 3-0 на првиот натпревар на Кипар се чини реално недостижен, но вечер на реваншот од третото квалификациско коло нема што да се загуби. ТАква е идејата и филозофијата што тренерот на Металург Срѓан Захариевски им ја наметнува на своите фудбалери. Да се излезе на терен,  да се одигра максимално без да се размислува на резултатот.Да се покаже дека не случајно се стигна до третиот елиминациски филтер и уште повеќе дека не случајни беа елиминациите на Санта Колома, Железничар и убедливата стартна победа над Работнички во домашното првенство.

Захариевски не крие дека во актуелната ситуација достојното простување од Европа и концентарацијата на домашното првенство и мечот со Силекс в недела се приоритетите на екипата. Од другастрана составот од Кипар веќе се гледа во следната фаза , но и ништо не и препушта на случајноста.

Предноста е голема, но респектот кон Металург е причината што тренерот Каифас во Скопје допатува со сите 11 интернационалци што настапија и на првиот натпревар и со најава дека и во реваншот сакаат да ја потврдат повисоката класа.

Доволно предуслови за надигрување и за добар фудбал. Мечот Металург – Омонија на арената Филип Втори во Скопје што ќе го води  ирецот Падриг Сатон ќе почне во 20 часот и 45 минути, а неколку минути порано и преносот на Собранискиот сервис на МРТ.