Почина боксерската легенда Џорџ Форман
Поранешен светски првак во тешка категорија. Џорџ Форман беше еден од најголемите во боксот и се сметаше за непобедлив до октомври 1974 година кога во Киншаса загуби од Мохамед Али...

Почина боксерот Џорџ Форман, поранешен светски првак во тешка категорија. Џорџ Форман беше еден од најголемите во боксот и се сметаше за непобедлив до октомври 1974 година кога во Киншаса загуби од Мохамед Али. Во 1977 година, на 28-годишна возраст, по поразот со нокаут од Џими Јанг, објави дека неговата кариера е завршена.
Десет години подоцна, Форман се врати и во ноември 1994 година, 20 години по битката против Али, стана најстариот светски шампион во тешка категорија во историјата – на 45-годишна возраст постигна спектакуларна победа со нокаут против Мајкл Мурер. Во 1997 година стави конечен крај на кариерата.
