Турција
Масовни протести во големите градови, Истанбул гори
22.03.2025 13:43
Протестите кои се одржуваат и покрај забраната за јавни собири, добија поддршка од опозициските партии, синдикатите и граѓански организации.

Илјадници граѓани на улиците на Истанбул, Анкара и Измир, трета ноќ по ред, барајќи ослободување на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој беше приведен под обвинение за корупција и поврзаност со терористички организации.
Турските власти воведоа строги безбедносни мерки, а полицијата употреби солзавец да ги растера демонстрантите.
Протестите кои се одржуваат и покрај забраната за јавни собири, добија поддршка од опозициските партии, синдикатите и граѓански организации.
